| четврток, 6 декември 2018 |

Мигрантската криза „удри“ врз Октоберфест

oktoberfestМигрантската криза „удри“ и врз традиционалниот Октоберфест. Градските власти на Минхен посочија на засилената гранична контрола и на бранот мигранти што покрај лошото студено време ја намали бројката на посетители за приближно половина милион луѓе.
На затворањето на фестивалот на љубителите на пиво, заменик-градоначалникот на Минхен Јозеф Шмит посочил дека за разлика од ланските 6,3 милиони посетители, годинава на најпознатиот фестивал на пивото го посетиле 5,9 милиони луѓе.

-Оваа година имаше четиристотини илјади посетители помалку, но и покрај тоа нивото на Октоберфест беше високо- додаде Шмит.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top