| четврток, 6 декември 2018 |

Кој изневерил еднаш, ќе изневери пак

неверство

Флертувањето не е секогаш невино како што, можеби, изгледа. Често играњето со оган завршува со прељуба, а последиците можат да бидат многу непријатни. Еве неколку факти што некои одбиваат да ги прифатат.

Неверството трае

Неверството што вклучува секс за само една ноќ е многу ретко. Повеќето од испитаниците признале дека аферата им траела повеќе од еден месец, додека на другите им тралеа повеќе од една година.

Неверството се продолжува

Тие што изневериле еднаш, ќе изневерат пак!  Истражувањето покажало дека 49 проценти мажи и 55 проценти жени го направиле тоа само еднаш, 12 проценти мажи го направиле тоа двапати, а 22 проценти повеќе од трипати. И жените не заостануваат многу во однос на  мажите: 20  проценти ги изневериле своите мажи двапати, 10 проценти, трипати, а 15 проценти повеќе од трипати.

Причини за неверството се…

Здодевноста и монотонијата во врската се главната причина за изневерување за мажите и за жените што учествувале во ова истражување. 32 процента жени и 25 проценти мажи, прељубници, биле расположени за разговор за сексуалните потреби. А само 27 проценти жени и 17 проценти мажи знаат какви се потребите на нивните партнер(к)и.

Прељубниците, главно, се откриваат сами

Повеќето неверни мажи и неверни жени сами си се откриле. Само три проценти мажи и шест проценти жени дознале за неверството од трето лице. Другите, 21 процент мажи и 19 проценти жени случајно откриле за оваа појава.

Неверството не се заборава ниту, пак, простува

Надежта дека вашето безобразно однесување ќе ви биде простено и заборавено е заблуда. 43 проценти мажи и 61 процент жени дури ни по половина година не биле во состојба да простат, додека 11 проценти  измамени мажи и 20 проценти измамени жени ги замразеле своите партнери по измамата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top