| четврток, 6 декември 2018 |

Афера „Сина птица“: тајните служби и обработката на членови на ВМРО ДПМНЕ (видео)

За подготовка на фељтонот „Мрачното време на транзицијата“ учествуваа голем број на политичари, интелектуалци, јавни личности, сведоци на времето 1991-1998. За аферата „Сина птица“ и потоа следењето на членови на ВМРО ДПМНЕ од македонските тајни служби, говорат Љубчо Георгиевски и Александар Флоровски

strogo doverlivoВо 1992 на виделина излегоа аферите„Дувло“ и „Сина птица“. Со операцијата Дувло во 1992 година за времето на владеењето на СДСМ, неовластено беа прислушувани и следени функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Во „Сина птица“ тогашната Служба за државна безбедност користи и прислушување и инфилтрирање, за да „намести” припадници на ВМРО-ДПМНЕ во внатрешноста да формират паравоена формација.

Љубчо Георгиевски за Фељтонот „мрачното време на транзицијата“ околу аферата Сина птица вели дека тоа е афера е многу моќна затоа што содржи политичка криминална димензија, не е тоа обично прислушување, ова е организација да разбиеш една политичка структура.

-Сина птица беше конструкција на одредени структури во службите. Основата беше да се направи паравоена структура во рамките на ВМРО ДПМНЕ и во одредена фаза да се искомпромитира ВМРО ДПМНЕ како политичка партија. Нешто слично како што го направија на ПДП, кога генералниот секретар и серија на видни луѓе на ПДП беа затворени затоа што правеле паравоени структури. Тогаш ПДП беше искомпромитиран. Не знам зошто СДСМ го искомпромитира ПДП кога им беа лојален сојузник. Но, за нас беше многу јасна намерата, бевме главен и дефиниран политички противник и со аферата Сина птица ВМРО ДПМНЕ во одредено време требаше да се промовира дека тоа е терористичка организација.

-Тука главни играчи беа Величковски (Добри Величковски, поранешен директор на Службата за државна безбедност и контраразузнавање) и другиот, Млекцето (Драган Стојменовски- Млекце) беа главни играчи, но не верувам дека СДСМ и особено Киро Глигоров дека не знаел за целата таа работа. Така што, оваа афера е многу моќна затоа што содржи политичка криминална димензија, не е тоа обично прислушување, ова е организација да разбиеш една политичка структура. И тоа во момент на демократизација.


Александар Флоровски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ во првиот парламентарен состав, потоа долгогодишен член на комисијата за надзор на Службите до Република достави стотина документи и транскрипции од снимени телефонски разговори. Тој се осврнува и на периодот на аферата „Сина птица“ но и на периодот по атентатот над Глигоров, кога се активираат неколку операции против членови на партијата.Florovski za sajt

-„Сина птица“ е иницијална каписла кога почна обработката на сите членови на ВМРО ДПМНЕ кои покажуваа малку повеќе храброст а тие го нарекуваа Македонски екстремизам, национализам, врховизам и тероризам. Но бараа образложение за оперативни акции против наведените луѓе, меѓу кои сум и јас. Во акцијата Павароти, па акцијата Автомобил, што се однесува на атентатот врз Киро Глигоров.


Во операцијата „Темел“ било следено и седиштето на ВМРО ДПМНЕ, легитимна парламентарна политичка партија.

-Спроти нас беше хотел Турист, а една од собите постојано беше на ДБК. Се снимаа сите што влегуваа, се прислушкуваа, дење- ноќе обработувани. На пример „Паун“ излегол со „Лејди“ (Доста Димовска) во толку и толку, заминале по таа маршрута… Сите под псевдоними. Има и снимени телефонски разговори, сѐ што можеше да се употреби против ВМРО ДПМНЕ е снимено, па симнато на хартија и доставено до министер, до началник, заменик началник, тој што го дава предлогот, па се микрофилмувани. Дел од нив завршуваат некои во приватни архиви. Дел се уништувани. На пример, моето досие го нема, а половина од досието на Филип Петровски е за мене- посочува Флоровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top