-И самиот Грк Бранко знае дека Никола нема да го смени името. Ќе му порачам, Бранко не го лажи народот пак и онака не ти веруваат веќе, сите знаат дека се што правеше беше само за да им учиниш на оние што те држат. Одовде ти порачувам, никој нема право да го менува името, само народот одлучува за тоа. Ниту некој прифатил, ниту имало предлог, ниту некој смее да се осмели да прифати било каков предлог, само народот на референдум сам ќе се изјасни. Излези и јавно извини им се на граѓаните и кажи Бранко со што те пристиснаа и со што те држат за вака кукавички да те однесуваш – му порача Никола Груевски налидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски од Виница.
Тој на овој начин му одговори на Црвенковски на обвинувањата дека името на државата ќе го сменел во јуни. Додаде дека наместо како што доликува на една кампања за локални избори, да се збори за дела и конкртени проекти, Црвенковски еден проект нема кажано, ниту едно дело.
ВМРО-ДПМНЕ во виница ја претстави својата програма. Како дел од проектите за Виница се изградба на локални патишта, водоводни и канализациони мрежи, пречистителни станици, водовод во селата, изградба на трговско деловен центар,изградба на нов затворен пазар, две училишни спортски сали, атмосферска канализација, отворање на детска градинка, повеќе наменски игралишта, кошаркарски и тениски игралишта.
За кандидатот за градоначалник на Виница, Емил Дончев предложен коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Груевски истакна дека Дончев тоа што го ветил го направил.
-Емил е проверен човек, за Виница нема дилеми. Тој не го злоупотреби својот мандат и го искористи мандатот да вложи во приоритетите за Виница, чекор по чекор, макотрпно работејќи во рамки за сите можности со заеднички напори – рече Груевски на митингот одржан попладнево во Виница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски