| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид и Викторија Бекам сѐ уште лудо вљубени


Дејвид и Викторија Бекам секогаш биле семејство за пример. Двајцата се заедно од крајот на 90-тите години, имаат четири деца, се поддржуваат во секој потфат и се уште ја одржуваат љубовта.

Тоа го докажа една од последните фотографии кои Викторија ги објави на социјалните мрежи. На неа се гледа како една од најпознатите и сакани двојки во светот сѐ уште многу се сака и ја одржува интимноста и нежноста меѓусебно.

На кадарот Викторија нежно го бакнува својот сопруг, кој изгледа се чувствува многу подобро, поради вниманието што го добива од неговата убава сопруга. Во текот на викендот поранешниот фудбалер и дизајнерката беа гости на настанот организиран од алкохолниот бренд Haig Club во Шкотска.

бекам 2

Под фотографиите кои ги објави на интернет Викторија напиша дека се гордее со својот сопруг и дека вечерта била многу забавна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top