| четврток, 6 декември 2018 |

Децата од Домот „11 Октомври” со нетрпение ја очекуваат новата ботаничка градина, која ќе се отвори со донации

Со наближувањето на патрониот празник на Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“, преку донаторската кампања, која сè уште трае, сите правни и физички лица имаат можност да донираат средства за изградба на ботаничка градина во рамки на Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“. По тој повод, ова е можност да се обединиме сите заедно и преку добротворно собирање средства да помогнеме и да го подобриме детскиот живот и секојдневие на децата на кои им треба нашата поддршка и помош.  Сите заинтересирани приватни и правни лица можат доброволно да донираат на жиро-сметката трезор 1000000000 630 95 НБРМ, како и на жиро-сметката – донаторски буџетски корисник 1500102593 785 11, приходно конто 725939.

На денот на патрониот празник, децата од домот организираат забава со скара, која ќе се оддржи на локацијата во дворот предвидена за изградба на ботаничката градина. Со оваа акција секоја личност што донира го поддржува креирањето на здрав живот за децата од домот „11 Октомври”, како и охрабрувањето на децата доброволно да се грижат за градината и да се едуцираат за здравиот начин на живот.

Донаторската акција и кампања е поддржана од Министерството за труд и за социјална политика, МПМ Македонија и „Идеја лаб“.

Да донираме и да помогнеме! Бидејќи навиките се здобиваат од мали нозе!

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top