Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска официјално поднесе барање за гласање доверба на Владата. Самарас поднесе писмено барање до парламентарниот спикер, Евангелос Мимаракис да побара гласање кое ќе се одржи в петок на полноќ. Дебатата ќе почне в среда.
Грчката коалициска влада има 154 пратеници, а за да ѝ биде изгласана доверба ѝ треба поддршка од само 50 отсто од оние пратеници кои ќе бидат присутни на гласањето. Девет пратеници на Златна зора се во притвор, што значи дека на коалицијата ѝ требаат само 146 гласови, кои најверојатно ќе ги добие.
Владини извори изминатиов викенд информираа дека Самарас и Венизелос се уверени оти ќе ги добијат сите 154 гласови од пратениците на Нова демократија и ПАСОК. Од страната на ПАСОК, единствениот сериозен сомнеж е за тоа како ќе гласа поранешниот лидер на партијата Јоргос Папандреу. Односите меѓу Венизелос и неговиот претходник се на многу ниско ниво и тие воопшто не комуницираат.
Партиски функционери изјавија дека одлуката да се побара гласање доверба на Владата е диктирана од потребата да се најде излез од притисоците со кои се соочува од страна на тројката меѓународни кредитори, народот, Сириза и луѓе внатре во Кабинетот. Според владини извори, гласањето доверба е неопходно затоа што на тој начин официјална Атина сака да покаже дека земјата има институционална стабилност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција