Полицијата во Охрид извршила претрес во домот на А.Т. при што биле пронајдени 18 грама хероин и 22 грама кокаин. Дрогата била спакувана во помали пакувања завиткани во најлонска кеса и облепени со селотејп трака и сокриени на различни места од куќата и поткровната конструкција. Покрај тоа, биле пронајдени и една пластична вага, метален калап, метална наковална со клин и други предмети кои заедно со кокаинот и хероинот се одземени и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
За А.Т. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“, а судија му одреди мерка притвор до 30 дена.
Од СВР Охрид велат дела пријавениот А.Т. подолго време вршел продажба на хероин и кокаин на наркозависници од Охрид. За него по слични основи и досега биле поднесувани кривични пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.