| четврток, 6 декември 2018 |

Петмина повредени во сообраќајка

сообраќајкаПет лица добиле телесни повреди откако вчера во 14 часот и 30 минути  С.С.(53) од село Гајре загубил контрола врз патничко возило „голф 2“ по што автомобилот се превртел на покривот. Сообраќајната несреќа се случила на регионалниот пат Попова Шапка-Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според Јосифовски, од излетувањето и превртувањето возачот и четворица сопатници од возилото М.С.( 21 ),Х.С.( 54 ), Ф.С.( 44 ) и Б.С .( 45 ) добиле телесни повреди и набрзо се пренесени во тетовската Клиничка болница. – По укажаната помош тројца од нив се пуштени дома додека возачот и сопатничката Ф.С. задржани се за натамошно лекување. Извршен е увид и се утврдуваат причините за несреќата. Првично причина е неприспособена брзина а вкупната материјална штета се проценува на околу 20 илјади денари, изјави Јосифовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top