| четврток, 6 декември 2018 |

Во септември угостителските услуги поевтини за 1,4 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во септември 2014 година, во споредба со август 2014 година, се намалени за 0,2 отсто.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата храна за 0,7 отсто, додека во групата ноќевања е забележано намалување за 2,7 отсто.

Цените на угостителските услуги во септември 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1,4 отсто.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- септември 2014 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0,8 отсто, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0,4 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top