
ФОТО: ЕПА
Кипар се наоѓа во опасна зона доколку исламистите се насочат кон Либан и затоа земјата треба да соработува за да се неутрализира заканата од групата Исламска држава, изјави кипарскиот министер за надворешни работи, Јоанис Касулидис, во интервју за весникот „Катимерини“.
Дојде часот кога треба да се стави на испит геостратегиската улога на Кипар како „преден ешелон“ на ЕУ и на Западот во источниот дел на Медитеранот, посочува шефот на кипарската дипломатија.
Тој појасни дека Кипар ја презел обврската да укаже помош во обуката на либанската армија, која е симбол за единството и независноста на земјата.
– Се менува соодносот на силите во источниот дел на Медитеранот и на Блискиот Исток и перспективата за искористување на енергетските извори во регионот создава погодна почва за развој на тристраната соработка меѓу Грција, Кипар и Египет, кон која може да се приклучи и Израел, со кого бележиме напредок во продлабочувањето на стратегиската соработка – рече Јоанис Касулидис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


