| четврток, 6 декември 2018 |

„Шпион“: Ефремов осуден на 15 години затвор, генералот Стојков доби деветгодишна казна

Sudenje Spion 06 (Custom)

Петнаесет години затвор за Марјан Ефремов, првообвинетиот во случајот „Шпион“. Ваква одлука денеска донесе Основнот суд Скопје 1. Ване Цветанов доби три години затвор, а генералот Горан Стојков девет години. Обвинетиот Марјан Маџовски е осуден на една и пол година.

Според обвинението, тие се обвинуваат за шпионажа – како злосторничка група собирале и доставувале до странски разузнавачки служби информации за радикален исламизам, за изборите и политичките случувања во земјава и за поставеноста на безбедносните служби.

Обвинетите се бранеа дека никогаш не работеле против интересите на Република Македонија. Тие тврдат дека се жртви на првообвинетиот, ексразузнавачот Марјан Ефремов. Ефремов, пак, поради степенот на доверливост на изнесените информации, завршниот збор го даваше зад затворени врати за јавноста.

Според Обвинителството, токму Ефремов е „мозокот“ на мрежата, односно обвинетите, исто така, разузнавачи, користејќи ја својата службена положба, собирале информации и документи со класификуван карактер, притоa му ги предавале нему. Во текот на судскиот процес беше изнесено дека тој преку специјални сателитски оперативни техники, како и преку непосредни средби ги доставувал до лицата што работеле за странски разузнавачки служби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top