| четврток, 6 декември 2018 |

Реал со „петарда“, хет-трик на Роналдо

Во дербито на седмото коло од шпанската Примера, Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ го демолира Атлетик Билбао со 5-0.

„Кралскиот клуб“ дојде до водство веќе во втората минута, Кристијано Роналдо беше прецизен по одличниот центаршут на Бејл. Навивачите на Реал за вториот погодок чекаа до 41. минута, кога по изведениот корнер, највисок во скокот беше Бензема за конечни 2-0 на полувреме.

Во 55. минута Бејл повторно беше побрз од одбраната на Атлетик Билбао, по што го пронајде Роналдо, кој вторпат се запиша на листата на стрелците.

Конечните 5-0 Реал ги постави во 88. минута, а повторно стрелец беше Роналдо, кој натпреварот го заврши со нов хет-трик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top