Под мотото „Детски права за наше детство!“ денеска почнува Детската недела. Истата ќе биде одбележана со голем број активности кои ќе поттикнат зголемување на свесноста за правата на децата.
Првата полна недела од октомври е Детска недела во сите држави-членки на ООН.
Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и да овозможат еднакви можности. Одговорноста е на целата заедница. Светот им останува ним и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет, посочуваат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.