Сигурно сте се нашле во ситуација кога треба да одбиете некого, а не знаете како да го направите тоа пристојно и љубезно.
1. Кратко и јасно НЕ
Не е убаво да се слушне, ниту пак да се изговори, но сепак е најискрениот начин да се одбие некого. Кратко и јасно, без одолговлекување и давање лажна надеж. Момците велат дека многу побрзо би заборавиле такво одбивање, отколку да мислат дека кога тогаш нешто ќе се смени.
2. Пристојно објаснување плус комплимент
Се сложуваме дека онаа „не е до тебе, до мене е“ не може да биде повеќе клише од што е, но постојат уште многу кои можат да помогнат – „Супер личност си, но не те гледам на тој начин“. Со тоа ќе му дадеш до знаење дека не мислиш ништо лошо за него, но едноставно не е тоа тоа. Може да му се случи на секого.
3. Убедлива лага
Иако момците велат дека сакаат директно да им се каже, без заобиколување, свесни се дека во најголем број од случаите жените измислуваат причини, Но, кога веќе го правите тоа, бидете што поуверливи. Наместо да се плеткате со приказни кои ни сами не знаете како да ги склопите, најдобро послужете се со старата добра „Имам дечко“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


