| четврток, 6 декември 2018 |

Емина Јаховиќ ужива во животот (фото)

Популарната босанска пејачка Емина Јаховиќ, на нејзиниот профил на „Инстаграм“ сподели фотографија на која медитира и истакнала дека е многу важно да се биде благодарен на сето тоа што животот ни го дава.

– Биди спокоен и моли се за сите добри луѓе на светот. Биди благодарен за се што имаш, напишала таа на нејзиниот профил на „Инстаграм“.

Имајќи предвид дека е доста активна на социјалните мрежи, животниот стил на атрактивната пејачка не е непознат, а таа покрај медитацијата, најмногу внимание и придава на физичката активност.

Emina-Jahovic

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top