30 дневен притвор за двајцата осомничени за директно убиство на петмината кај Смилковското Езеро. Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, првоообвинети за масакрот кај Смиљковското езеро денеска се изведени пред истражен судија. Тие беа приведени пред два дена на територијата на Косово.
Според информациите, 48-часовниот екстрадициски притвор, пред да истече им е продолжен за 30 дена.
Денешното продолжение на судскиот процес во Скопје беше затворено за јавноста, бидејќи се презентираа докази од посебните истражни мерки.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека идентитетот го потврдиле со отпечатоци и ДНК-анализа.
Прв што го потврди идентитетот на Демири и Исмаиловиќ е нивниот адвокат во постапката Насер Рауф. Тој вели дека е во постојан контакт со роднините на уапсените, кои кажале дека се информирани само за тоа дека осомничените се приведени. Детали за апсењето не знаат ниту тие ниту, пак, од косовската полиција не соопштуваат во интерес на истрагата и безбедноста на приведените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.