| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на Бјанки: Син ми е во многу критична состојба

Дваесет и петгодишниот возач на Ф1, Жил Бјанки,  е во критична состојба откако денес се здоби со тешки телесни повреди на трката за големата награда на Јапонија.

zil_bjanki_ferari_110912

Неговиот татко изјавил дека, Бјанки е во многу критична состојба откако за време на трката доживеа несреќа и се здобил со неколку повреди на главата.

Моментално е во операциона сала каде му се врши операција на главата и сеуште не се знае исходот од истата.

Неговите колеги, како што изјави Хамилтон се молат за побрзо опоравување.

Бјанки директно удри во багер кој се наоѓаше во тој момент покрај патеката за да го извлече болидот на Андријан Зутил кој само неколку круга претходно излета на истата кривина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top