Дванаесет илегални мигранти од Брегот на Слоновата коска, Мароко, Мали и Фарските острови се откриени во автомобили во реонот на месноста Табановска река во атарот на кумановското село Киселица, информираше Министерството за внатрешни работи.
При акцијата на полицијата, приведени се и возачите на автомобилите Џ.М. (18), ф.И. (28), Ф.С. (27) и Е.С. (25) сите од Скопје. Шестмина од имиграните кои се наоѓале во автомобилите се од БСК, тројца од Мароко, двајца од Мали и еден од Фарските острови.
На четворицата возачи, кои се сомничат за криумчарење мигранти, им е одреден притвор од 30 дена. Странските државјани се се сместени во Прифатен центар за странци – Скопје.
Исто така минатата недела при контрола на возило од страна на припадници на БПСА-Петровец на автопатот Скопје – Куманово поточно на клучка “Хиподром“, во возило “форд“ со скопски регистарски таблички управувано од З.З.(55) од Скопје откриени се тројца странски државјани од Бангладеш без идентификациски документи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.