| четврток, 6 декември 2018 |

Јакне улогата на синдикатите во заштитата на работничките права

Новиот предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа беше поддржан на Економско-социјалниот совет.

dime-press

Овој предлог закон предвидува синдикатот да води поголема грижа за зголемување на работничките права, односно преку него се зајакнува влијанието и позитивната контрола на синдикатот во заштитата и доследно спроведување на работничките права.

Ова беше истакнато на денешната прес-конференција на која министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Живко Митревски и претседателот на Организација на работодавачи на Македонија, Анѓел Димитров денес одржаа заедничка прес конференција на која информираа за новиoт предлог  Закон за изменување и дополнување на законот за безбедност и здравје при работа

Тоа значи дека секој работодавач мора да изготви и спроведе изјава за безбедност за секое работно место, а за истата ќе биде должен да обезбеди и мислење од синдикатот, со колективен договор работодавачот ќе треба да им овозможи на работниците да учествуваат во утврдувањето на недостатоците и во подобрувањето на условите за работа, работодавачот е должеи и при планирање и набавка на нова опрема да се консултира со вработените и синдикалната организација.како и во однос на последиците и опасностите кои произлегуваат од изворот на работната опрема, заради нивно влијание по безбедноста и здравјето при работа.

– Претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат ќе ги имаат  следните права: да ги обиколи работните места поради согледување на состојбата во врска со безбедноста при работа, најмалку два пати годишно,  да побара од работодавачот да преземе соодветни мерки и во таа насока да поднесува предлози со цел да се намалат опасностите за вработените,  да ја извести инспекцијата на трудот за нејзино посредување,  да побара од работодавачот информации и да има пристап до изјавите за процена за безбедноста и извештаите што се обврска на работодавачот и други документи во врска со планирањето и уредувањето на безбедноста и здравјето при работа, истакна министерот Спасов.

Работодавачот, како што нагалсии тој, е задолжен во рок од 48 часа, да го извести синдикатот  за смртен случај или колективна несреќа и повреда при работа.

Со новиот Закон се дефинира и постапката за заштита на студентите при практична работа односно се создава систем за нивна безбедна пракса. Посебни мерки се предвидени за заштитата на студенти за време на практична работа во рудници во рамки на образовната програма.

-Секој работник  го има основното право на безбедност, заштита и здравје при работа а обврската тоа да го овозможиме е заедничка на нас надлежните институции, синдикатите и работодавците. Само со вистински партнерски однос кој досега се потврди, вработените ќе бидат сигурни на своето работно место. Ние продолжуваме со осмислување на нови мерки и нови иницијативи, кои ќе бидат во насока на исполнување на целта на Економско-социјалниот совет, а тоа се високи стандарди на работа во Република Македонија, нагласи министерот Спасов.

Минатата година 16 лица го загубиле животот на своето работно место, во 2012 година тешки повреди на работа со смртни последици имало вкупно 13, додека во 2004 само пет лица го загубиле животото поради повреда на работното место.

Најголем број на смртни случаи на работно место има во земјоделскиот сектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top