| четврток, 6 декември 2018 |

Не сакале да платат влез, па ги ограбиле гостите

Синоќа во 23 часот и 15 минути во Скопје на ул. „Казанџиска“, неколку непознати лица извршиле тешка кражба на особено дрзок начин над лицата С.Р. (36)при што му одзеле ташна во која имало 1.750 евра во разни апоени, и З.Н.(23)  двајцата од с.Батинци, Скопско, на кој му одзеле ташна во која имало 1.000 евра, 12.000 денари, патна исправа и клучеви од патничко моторно возило.

pari siromastija

Кражбата е извршена на тој начин што повеќе лица, од кои половина влегле во кафулето кое се наоѓало на споменатата улица, а останатите кои останале надвор не сакале да платат карта за влез во барот и физички ги нападнале оштетените, им ги одзеле ташните и го напуштиле местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top