| четврток, 6 декември 2018 |

Родителите не сакаат да ја погребат младата Ивана?

Родителите на убиената Ивана Подрашчиќ (14) од Батајница, се уште не сакаат да го прифатат фактот дека нивната ќерка е мртва, па прашање кога и каде ќе биде погребана младата девојка, пишуваат српските медиуми.

505481_ivanapodrascic11408526822670x0_ff

Според нив, Ивана не може да биде погребана без согласност од родителите, бидејќи е малолетна личност.

– Тие и понатаму се однесуваат како ништо да не се случило. Никој ни влегува ни излегува од кај нив. Отсекогаш биле чудни така што кај нив никој не оди – велат комшиите на семејството Подрашчиќ.

iva

Тие имаат уште две деца, ќерка и син, кои исто така се малолетни. И братот на Ивана пред некој ден изјавил дека е невозможно неговата сестра да е мртва и објаснил дека не верува во тоа.

Извор за српски „Ало“ вели дека целиот случај многу би се искомплицирал доколку родителите не ја идентификуваат Ивана и не дадат согласност некој тоа да го направи. Тоа можат да го сторат поблиските роднини или пријатели, но сепак со согласност на родителите. Нејзините брат и сестра не можат да одат на идентификација бидејќи се малолетни, вели изворот за „Ало“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top