| четврток, 6 декември 2018 |

Истражување: Антибиотиците виновни за дебелината кај децата

Деца кои до својата втора година испиле најмалку четири пакувања на антибиотици имале повисок ризик од прекумерна телесна тежина до  нивната петта година од животот, покажале истражувањата на научници од детската болница во Филаделфија. Тие ги анализирале медицинските картони на  64.580 деца, пишува Дејли мејл.

apcinja

Во текот на 12 –годишното  истражување, речиси 70 проценти од децата земале антибиотици, а на две години речиси 23 отсто од нив  биле дебели за нивната возраст. Овој процент се зголемувал со возраста, па до четвртата година дебели биле 33 отсто.

Прекумерна употреба на антибиотици трајно ја оштетува рамнотежата на добри бактерии во цревата и е одговорен за зголемување на телесната тежина. Исто така се  нарушува и рамнотежата на нивото на хормоните во телото  па  гладта станува се почеста.

– Нашата цел е да се намали употребата на антибиотици. Лекарите им даваат на децата антибиотици и пред нивниот имунолошки систем да биде целосно развиен. Со тоа треба да се биде многу внимателен – велат од истражувачкиот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top