
Како со малку труд да се ослободите од товарот кој ви тежи на плеќите и како да станете посреќна личност?
1. Размислувајте рационално
Кога ќе доживеете нешто лошо, ќе бидете тажни или пак може да решите тоа да не го дозволите. Се зависи од вас. Ако животот го сфатите со подеми и падови, полесно ќе се снајдете во тешки ситуации и брзо ќе ги надминувате.
2. Изразувајте ги емоциите
Автоцензурата убива и затоа ослободете ги емоциите. Многу често се случува да се плашиме да кажеме гласно што мислиме. Сите чувстуваат бес, страв, срам, љубов, фрустрација… Ако ги негираме овие емоции, може да имаме уште поголеми проблеми. Ако некој ве праша како сте, одговорте искрено.
3. „Не играјте“на сигурно
Кога ќе почнеме да ги прифаќаме работите такви какви што се, свесни дека животот е непредвидлив, помалку ќе се мачиме себе и ќе станеме пофлексибилни.
4. Љубов кон храната
Јадете намирници кои даваат животна енергија. Не се оптоварувајте со броење калории, бидејќи преголемата самоконтрола ја намалува нашата физичка потреба, а влијае и на намалување на амбициите. Едно парче торта повремено може да биде корисно за организмот и за психичкото здравје.
5. Меѓучовечки односи
Делете ги своите задоволство, но и незадоволства со луѓето кои ве опкружуваат и ќе ви биде полесно да се соочите со секој проблем. Пред да побарате помош од другите, побарајте ја во себе. Прво мора да научиме да се сакаме себе и да си простуваме себеси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


