Познатата стоковна куќа „Херодс“ го лансираше најскапиот парфем во светот чие шише од 30 милилитри е прекриено со дијаманти и 24-каратно злато и чини 143 илјади фунти.
Овој скап парфем го креираше Британецот Клив Кристијан, со цел да се одбележи отворањето на салонот за парфеми во лондонскиот оддел на „Херодс“.
Парфемот се вика „No1 Passant Guardant“ а ќе се продава во специјално направеното шишенце кое е рачно изработено и обложено со скапоцености. На шишето има вкупно 2.000 рачно поставени дијаманти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.