
Хирургот М.Н. (61) вработен на хируршкото одделение во прилепската болница „Борка Талески“ од вчера е во притвор, осомничен за примање поткуп од пациент. Како што соопшти СВР Битола, осомничениот со намера да се стекне со противправна имотна корист, а злоупотребувајќи ја својата службена положба, за лекарски прегледи, хируршка интервенција и постоперативни контроли во февруари, март, април и мај годинава од пациент побарал и примал вкупно 36.000 денари.
„По наредба на Основното Јавно Обвинителство-Прилеп, од страна на полициски службеници со потврда од пријавениот е одземена една банкнота во апоен од 100 евра, кои претходно беа криминалистички обработени. Лицето е лишено од слобода , а од страна на судија за претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење до 8 дена“, соопшти Магдалена Димитроска, портпарол на СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


