Викендов се вози уште една трка од најбрзиот цирукус во светот, Формула 1 за големата награда на Јапонија на легендарната патека Сузука.
Во борбата за пол-позицијата ништо ново. Супериорните пилоти на Мерцедес уште една докажаа дека им нема рамен оваа сезона. Нико Розберг утре ќе стартува од првото место, додека неговиот клупски колега Луис Хамилтон веднаш зад него.
Ова беше осма пол-позиција за Германецот во оваа сезона. Веднаш за возачите на Мерцедес ќе стартува уште еден двоец. Пилотите на Вилијамс Валтери Ботас и Фелипе Маса ќе стартуваат од третото и четвртото место.
Фернандо Алонсо од Ферари ќе стартува од третиот стартен ред односно од петтото место, а друштво во истиот ред ќе му прави младиот возач на Ред Бул Даниел Рикардо.
До крајот на шампионатот остануваат уште пет трки, а водечки во генарниот пласман е Хамилтон со 241 бод, само три повеќе од Нико Розберг.
Трката стартува утре во осум часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


