
Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека ќе ги употреби сите средства за пронаоѓање на заложниците, кои се киднапирани од групата Исламска држава, како и за победа над џихадистите.
Изјавата на Камерон е дадена по вчерашната видео снимка објавена на интернет, на која е прикажано обезглавувањето на британскиот хуманитарен работник Алан Хенинг (47).
– Ќе ги употребиме сите средства со кои располагаме во напорите да ги пронајдеме заложниците и ќе направиме се што е потребно за да ја победиме оваа организација, које е премногу безмилосна, безчувствителна и варварска во односот кон луѓето – истакна Камерон.
Хенинг во декември минатата година замина како дел од хуманитарниот конвој со медицински материјали за болници во северозападните делови на Сирија.
Исламската држава ја презеде одговорноста за убиството на Британецот, заканувајќи се дека следен заложник кого ќе го ликвидираат ќе биде 26-годишниот Американец Питер Кесиг, поранешен американски војник кој служел во Ирак.
Ова е четврти пат џихадистите на брутален начин да убијат заложник, а снимката да ја објават на интернет
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Славната актерка бремена за првпат на 46 години?!
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто


