| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган побара извинување од Бајден за изјава дадена на универзитетот Харвард

erdogan10

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара извинување од американскиот заменик претседател Џо Бајден за тврдењето дека тој лично му признал дека Турција им дозволила на странски борци да влезат во Сирија, пренесоа
американските медиуми.
Бајден во четвртокот, во говор пред студентите на универзитетот Харвард, изјави дека Ердоган му кажал дека „Вие сте во право. Ние пуштивме премногу луѓе. Сега тие се обидуваат да ги затворат своите граници“.
Ердоган категорично демантираше дека некогаш го кажал тоа и изјави дека за него Бајден „ќе биде историја доколку навистина користел такви изрази“.
-Никогаш не сум му кажал дека сме направиле грешка, никогаш. Ако тој го кажал тоа во Харвард, тогаш треба да ми се извини – изјави Ердоган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top