Златото ќе поевтини до 660 долари за унца, смета Џон Лафорџ, примарниот стратег во Ned Davis Research, за финансиската изданиена CNBC. Крајот на “суперцикличниот пораст” во последниве години може да иницира сериозно поевтинување на благородните метал до околу 660 долари за унца, или речиси 40 отсто под нивоата при кои се тргува златото во моментов.
Лафордџ потсетува дека во 90-тите години на минатиот век златото загуби 65 отсто од својата вредност. Откако достигна нивото од 1 900 долари за унца во 2011 година, златото може да влезе во истото сценарио на трговија, смета аналитичарот.
-Она што го знаеме е дека суровините се движат во т.н. суперцикли, кои порано или подоцна завршуваат . Крајот на таков еден циклус се чини е присутна кај златото – коментира Лафорџ.
Значи ниво од 660 долари дефинитивно не е невозможно.Една од можностите ова сценарио за поевтинување на златото да не успее, според уделот на специјалистот, е програмата на иницијативи на водечките банки во светот. Тие би можеле да престанат со обезвреднување на благородниот метал.Денес златото се тргува на ниво од 1 208 долари за унца
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.