Групација Триглав, најголемото осигурително друштво во регионот Адриа, објави добивка пред оданочување во 2012 година во износ од 89,7 милиони евра и нето добивка од 73,2 милиони евра. Проценетата нето добивка е 54% повисока од остварената добивка во 2011 година, како и 22% повисока од планираното ниво.
-Во 2012 година, бруто полисираните премии во договори за осигурување и соосигурување достигнаа 936,3 милиони евра или 5% помалку во споредба со 2011 година. Преку подобрениот комбиниран количник (проценет на 89,6% или 0,5 проценти поени повеќе во споредба со 2011 година) и натамошниот пораст на капиталот, Групацијата Триглав продолжува да ја зацврстува својата положба на водечко осигурително-финансиско друштво во регионот и покрај отежнатите економско-финансиски услови. Со фокусот на основната дејност во осигурување и профитабилност во 2012 година се постигна балансирање на неповолните услови за деловно работење со што се одржа висока финансиска стабилност која резултираше со рекордно висока добивка за Групацијата Триглав, како и за Заваровалница Триглав. Објавената добивка на Групацијата Триглав пред оданочување изнесува 89,7 милиони евра, а нето добивката достигна 73,2 милиони евра, додека добивката пред оданочување на Заваровалница Триглав изнесува 65,6 милиони евра, а нето добивката 50,4 милиони евра – велат од Триглав.
Според нив продлабочувањето на економската криза влијаела врз вкупните полисирани премии на Групацијата Триглав, кои се намалиле како последица на намалената побарувачка за одредени осигурителни производи што се должи на послабата економска активност, намалувањето во извозот и увозот, стечајот на многу компании, намалената куповна моќ на домаќинствата, зголемената невработеност и намалениот обем на банкарско зајмување. Со зголемената ценовна конкурентност на пазарот за осигурување моторни возила и последователните приспособувања на осигурителните услови и рокови се намалил обемот на полисирани премии во осигурувањето моторни возила. Се проценува дека бруто полисираните премии во договори за осигурување и соосигурување на Групацијата Триглав во 2012 година изнесуваа 936,3 милиони евра во 2012 година, односно 5% помалку во споредба со 2011 година, додека кај Заваровалница Триглав истите изнесуваа 647,6 милиони евра, односно 7% помалку во споредба со минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.