Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Москва ќе стори се што е во нејзина моќ за зачувување на кревкото примирје во Украина. – Сите напори ќе ги насочиме кон започнување на политичкиот процес во Украина, изјави заменик-директорот на Одделот за информации и печат при руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Американскиот Стејт департмент ја повика Русија да го искористи своето влијание врз сепаратистите во Украина и да ги натера „итно да прекинат со нападите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.