| четврток, 6 декември 2018 |

Спасени 237 илегални имигранти од грчки води

imigrantiГрчката крајбрежна стража во неколку акции на Егејското море спаси 237 илегални имигранти, при што уапси три лица осомничени за илегална трговија со луѓе.

Тројца организатори на транспортот и 93 имигранти биле уапсени на плажата Агиос Јоргос на островот Симис.

Уште 27 омигранти биле лоцирани во морето североисточно од Аготинисија. Тие биле во гумен чамец, но скокнале во морето кога ги заблежале припадниците на крајбрежната стража.

Во текот на денот кај островот Кос биле спасени 75 илегални емигранти, а на Киос 42.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top