| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес ја стресе Грција

земјотресЗемјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран доцна попладнево во јужниот дел на Грција, соопшти грчкиот Национален центар за геодинамички истражувања.

Досега нема информации за евентуални жртви или за предизвикани материјални штети.

Епицентарот на потресот бил на полуосторвот Пелопонез, на 250 километри западно од Атина и на 32 километри јужно од градот Патра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top