Деветмина војници од мировните сили на ОН во Мали се убиени денеска при заседа, што претставува најкрвав напад врз припадници на меѓународната мисија.
– Конвојот со воени возила на државата Нигер бил нападнат меѓу североисточните градови Менака и Ансонго од непознати вооружени мажи на мотори, изјави заменик командантот на Мисијата, Арно Акоџену.
Тој истакна дека во реонот веднаш била испратена воздушна поддршка за останатите војници од мировните сили.
Засега никој не презеде одговорност за денешниот напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


