| четврток, 6 декември 2018 |

Втора месечина кружи околу нас?!

ol339

Откако човештвото знае за себе, општо е познато дека нашата планета има еден природен сателит – Месечината. Но, изгледа дека, сепак, нашата месечина не е единствениот природен Земјин сателит. Откриено е дека второ небесно тело дека, исто така, е сателит на нашата планета. Се работи за астроид со дијаметар од 150 метри, а наречен е OL 339. Но, OL 339 не кружи само околу земјата. Во период од околу една година OL 339 кружи и околу сонцето. Близината на еклиптиката на OL 339 до нашата планета е причината поради која астрономите го нарекуваат ова тело „втора месечина“.
Оваа „втора месечина“ беше сосема случајно забележана на 29 јули годинава од страна на астрономот Фарид Чар од чилеанскиот универзитет „Антофагаста“. Се претпоставува дека OL 339 орбитира околу Земјата во изминативе 775 години и дека ќе остане на во таа орбита уште најмалку 165 години. OL 339 има елиптична орбита, а полна револуција околу Сонцето трае 364,92 дена. Со оглед на времетраењето на една револуција, кое е приближно идентично со една Земјина година, што значи дека Земјата и OL 339 се во таканаречена орбитална резонанца.
Извор: Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top