| четврток, 6 декември 2018 |

Главниот обвинител на Хашкиот суд верува дека Караџиќ ќе добие доживотен затвор

radovan-karadzic-624
Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц изрази увереност дека поранешниот политички лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ ќе биде осуден на доживотна казна затвор.

Во интервју за сараевскиот весник „Дневни аваз“, Брамерц изјави дека е задоволен од бројот и од квалитетот на доказите, кои обвинителството ги доставило за време на судскиот процес против поранешниот претседател на Република Српска.

– Жалам што Караџиќ се криеше 12 години и жртвите чекаа премногу долго за задоволување на правдата – истакна Брамерц, потврдувајќи дека обвинителството ќе настојува за максимално брзо завршување на процесот.

Во завршните зборови на процесот, обвинителството побара доживотна казна затвор, а Караџиќ, кој се брани сам, истакна дека очекува да биде ослободен од обвиненијата.

Според Брамерц, многу е важно што пронаоѓањето на масовната гробница во Томашица, во близина на Приједор, беше вклучено во обвиненијата против Караџиќ и воениот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, што претставува уште еден доказ за големите злосторства извршувани во БиХ.

Во гробницата во Томашица досега се откриени останките на 400 босански Хрвати и муслимани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top