| четврток, 6 декември 2018 |

Војниците од Вермонт и од Македонија се повеќе од браќа и сестри по оружје

Ма­ке­дон­ски­те вој­ни­ци има­ат не­ве­ро­ја­тен на­гон да би­дат нај­до­бри што мо­жат и ка­ко ко­ман­дант на На­ци­о­нал­на­та гар­да на Вер­монт не би мо­жел да по­са­кам по­до­бар парт­нер. Вој­ни­ци­те од ма­ке­дон­ски­те без­бед­нос­ни си­ли, во­е­на­та по­ли­ци­ја и од рен­џе­ри­те по­ка­жаа не­ве­ро­ја­тна про­фе­си­о­на­лност и ние ја на­гра­ду­ва­ме нив­на­та ма­ко­трп­на ра­бо­та во обу­ки­те и во из­вр­шу­ва­ње­то на ми­си­ја­та во Авга­ни­стан

Со нај­по­фал­ни збо­ро­ви за под­го­тве­но­ста и за про­фе­си­о­нал­но­ста на вој­ни­ци­те на АРМ, ко­ман­дан­тот на на­ци­о­нал­на­та гар­да на Вер­монт, Сти­вен Креј, во екск­лу­зив­но­то ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ збо­ру­ва за парт­нерс­тво­то и за ус­пеш­ни­те за­ед­нич­ки ми­сии со аме­ри­кан­ски­те вој­ни­ци во Авга­ни­стан, но и за но­ви­те пре­диз­ви­ци и пла­но­ви за со­ра­бо­тка. Ге­не­рал-ма­јор Креј за вре­ме на не­кол­куд­нев­на­та по­се­та на Ма­ке­до­ни­ја со ра­ко­водс­тво­то на ар­ми­ја­та раз­ме­ни искус­тва од на­у­че­ни­те лек­ции во ми­си­и­те пред­во­де­ни од НАТО, ЕУ и од ООН, но и раз­го­ва­ра­ше за учес­тво­то на АРМ во но­ва­та ми­си­ја на НАТО во Авга­ни­стан „Ре­ши­тел­на под­др­шка“.

 

Ге­не­ра­ле Креј, кој е Ва­ши­от пре­диз­вик за раз­ви­ва­ње и одр­жу­ва­ње на цвр­ста­та вр­ска со Ар­ми­ја­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја?
КРЕЈ: Сме­там де­ка нај­го­ле­ми­от пре­диз­вик е да се вкло­пат си­те за­лож­би што би са­ка­ле да ги ос­тва­ри­ме. Ар­ми­ја­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и На­ци­о­нал­на­та гар­да на Вер­монт има­ат мно­гу да си по­ну­дат еден на друг. Има­ме го­ле­ма за­ед­нич­ка исто­ри­ја зад се­бе и за­е­мен ан­гаж­ман во пре­ку 200 обу­ки на две­те стра­ни од Ат­лан­ти­кот. По­стиг­нав­ме мно­гу во на­ше­то парт­нерс­тво и тре­ба да ја одр­жу­ва­ме не­го­ва­та важ­ност во по­сто­ја­но ме­ну­ва­ње и со­о­чу­ва­ње со но­ви пре­диз­ви­ци.

 

Мно­гу до­бро ги поз­на­ва­те ма­ке­дон­ски­те вој­ни­ци што учес­тву­ваа во ми­си­и­те во Ирак и во Авга­ни­стан. Ка­ко овие ми­сии ги илу­стри­ра­ат парт­нерс­тво­то и ка­па­ци­те­ти­те на АРМ?
КРЕЈ: Ма­ке­дон­ски­те вој­ни­ци има­ат не­ве­ро­ја­тен на­гон да би­дат нај­до­бри што мо­жат и ка­ко ко­ман­дант на На­ци­о­нал­на­та гар­да на Вер­монт, не би мо­жел да по­са­кам по­до­бар парт­нер. На­ше­то парт­нерс­тво е мно­гу сил­но и вој­ни­ци­те на Вер­монт и на Ма­ке­до­ни­ја се крај­но спо­соб­ни, про­фе­си­о­нал­ни и ја ко­ри­стат се­ко­ја мож­ност да на­у­чат не­што еден од друг. Тие се ви­стин­ски бра­ќа и се­стри по оруж­је. Ма­ке­дон­ски­те вој­ни­ци ги из­вр­шу­ва­ат сво­и­те долж­но­сти про­фе­си­о­нал­но и се крај­но спо­соб­ни и вој­ни­ци­те од Вер­монт учат од Ма­ке­дон­ци­те, а Ма­ке­дон­ци­те од вој­ни­ци­те од Вер­монт. Тоа е ед­на од пред­но­сти­те на про­гра­ма­та… учи­ме ед­ни од дру­ги и сме по­све­те­ни кон со­вр­шенс­тво и про­фе­си­о­нал­ност.

 

Ка­ко тес­ни­те вр­ски ме­ѓу чле­но­ви­те на АРМ и На­ци­о­нал­на­та гар­да на Вер­монт вли­ја­ат на ид­ни­на­та на од­но­си­те ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и САД?
КРЕЈ: Вр­ска­та што ја де­лат Ма­ке­до­ни­ја и Вер­монт е единс­тве­на и ние не сме са­мо бра­ќа и се­стри по оруж­је, ту­ку сме и при­ја­те­ли. Тоа при­ја­телс­тво ни зна­чи мно­гу по мно­гу­број­ни ос­но­ви. Ка­ко што ка­жав прет­ход­но, ние сме по­све­те­ни да го изв­ле­че­ме нај­до­бро­то од две­те стра­ни и да ја про­дол­жи­ме со­ра­бо­тка­та што ја гра­ди­ме по­ве­ќе од две де­ка­ди. По­све­те­но­ста не са­мо кон за­ед­нич­ки­те актив­но­сти, ту­ку и кон на­ше­то при­ја­телс­тво, ми да­ва­ат вер­ба де­ка Вер­монт и Ма­ке­до­ни­ја ќе ја про­дол­жат сво­ја­та цвр­ста вр­ска и во ид­ни­на.

 

Има ли не­кои спе­ци­фич­ни мо­мен­ти на кои се се­ќа­ва­те или би са­ка­ле да ги наг­ла­си­те од на­ше­то за­ед­нич­ко рас­по­ре­ду­ва­ње во ми­си­ја­та „Фе­никс“ во Авга­ни­стан и да­ли оваа ми­си­ја, исто та­ка, бе­ше мож­ност за аме­ри­кан­ски­те вој­ни­ци да на­у­чат не­што од сво­и­те ма­ке­дон­ски ко­ле­ги?
КРЕЈ: На­ша­та за­ед­нич­ка ми­си­ја во Авга­ни­стан бе­ше единс­тве­на по мно­гу ас­пе­кти. Иа­ко имав­ме мно­гу го­ди­ни парт­нер­ско искус­тво зад се­бе, мо­рав­ме да се прис­по­со­би­ме и да учи­ме ед­ни од дру­ги во мно­гу об­ла­сти. Ка­ко член на Воз­ду­хоп­лов­на­та на­ци­о­нал­на гар­да во тоа вре­ме, ја не­мав таа сре­ќа да би­дам со ар­ми­ја­та во Авга­ни­стан. Знам де­ка има­ше мно­гу при­каз­ни отка­ко се вра­ти­ја на­ши­те вој­ни­ци и де­ка тоа бе­ше пре­крас­на мож­ност за на­ши­те бра­ќа и се­стри по оруж­је да ра­бо­тат за­ед­но и да над­ми­ну­ва­ат мно­гу проб­ле­ми за­ед­но, но, исто та­ка, и за­ед­нич­ки да ги спо­де­лу­ва­ат ус­пе­си­те. Од мо­е­то искус­тво во ми­си­ја знам де­ка не мо­жеш да би­деш рас­по­ре­ден во ми­си­ја без да на­у­чиш не­што од тво­и­те парт­не­ри и ве­ру­вам де­ка на­ши­те гар­ди­сти ус­пе­а­ја да на­у­чат не­што од сво­и­те ма­ке­дон­ски со­ра­бот­ни­ци. Та­ков вид раз­лич­ност се­ко­му му да­ва пред­ност, осо­бе­но на тие што се на­о­ѓа­ат во се­ри­оз­на и опас­на сре­ди­на. Вој­ни­ци­те тре­ба да учат бр­зо да ко­му­ни­ци­ра­ат и да ра­бо­тат за­ед­но за да ги над­ми­нат ја­зич­ни­те и кул­тур­ни­те преч­ки. Јас знам де­ка ај­ва­рот бе­ше оми­лен ме­ѓу аме­ри­кан­ски­те вој­ни­ци, за­ед­но со дру­ги­те ма­ке­дон­ски спе­ци­ја­ли­те­ти та­му ка­де што Ма­ке­дон­ци­те и Аме­ри­кан­ци­те ра­бо­теа за­ед­но.

 

Stiven-Krej-int108-2

 

По­ве­ќе од 60 ма­ке­дон­ски вој­ни­ци се на­гра­де­ни од стра­на на во­е­ни­те си­ли на САД за нив­ни­те хе­рој­ски де­ла во ми­си­и­те пред­во­де­ни од НАТО. Од дру­га стра­на, до­бро е поз­на­то де­ка е мно­гу те­шко да се за­ра­бо­ти ва­ква на­гра­да, осо­бе­но ко­га се ра­бо­ти за тру­пи што не се аме­ри­кан­ски. Што тре­ба да на­пра­ви еден вој­ник за да до­бие ва­ква на­гра­да?
КРЕЈ: Имав сре­ќа да до­де­лам ме­да­ли ми­на­та­та го­ди­на ко­га бев ов­де. До­де­лу­ва­ње­то приз­на­ни­ја на тру­пи­те за нив­на­та по­све­те­ност во ми­си­ја­та, нив­на­та про­фе­си­о­нал­ност и за нив­на­та ра­бо­та на те­рен е ед­на од мо­и­те оми­ле­ни долж­но­сти ка­ко ко­ман­дант. Вој­ни­кот тре­ба да ис­пол­ни мно­гу ра­бо­ти, а за тоа тре­ба да сле­ду­ва приз­на­ние. Вој­ни­кот тре­ба да по­ми­не мно­гу ча­со­ви во обу­ка, по­све­те­ност и да има вој­нич­ка дис­цип­ли­на за да има ус­пеш­на ми­си­ја. Вој­ни­ци­те од ма­ке­дон­ски­те без­бед­нос­ни си­ли, во­е­на­та по­ли­ци­ја и рен­џе­ри­те по­ка­жаа не­ве­ро­јат­на про­фе­си­о­нал­ност и ние ја на­гра­див­ме нив­на­та ма­ко­трп­на ра­бо­та во обу­ки­те и во из­вр­шу­ва­ње­то на ми­си­ја­та во Авга­ни­стан.

 

Кол­ку сте за­до­вол­ни од се­гаш­но­то ни­во на со­ра­бо­тка?
КРЕЈ: Мно­гу сум за­до­во­лен од мо­мент­но­то ни­во на со­ра­бо­тка ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и Вер­монт. Мис­лам де­ка се­ко­гаш по­стои мож­ност за по­до­бру­ва­ње на со­ра­бо­тка­та, но ние гле­да­ме на парт­нерс­тво­то за­ед­нич­ки и ко­га по­сто­јат об­ла­сти за по­до­бру­ва­ње на со­ра­бо­тка­та на­о­ѓа­ме за­ед­нич­ки на­чи­ни, ка­ко тим. На го­диш­но ни­во спро­ве­ду­ва­ме по­ве­ќе од де­сет актив­но­сти и ги спо­ју­ва­ме вој­ни­ци­те на Вер­монт со вој­ни­ци­те на АРМ во раз­лич­ни об­ла­сти. Кон­стант­но за­ед­нич­ки истра­жу­ва­ме но­ви об­ла­сти на со­ра­бо­тка и ги по­до­бру­ва­ме мо­мент­ни­те об­ла­сти на со­ра­бо­тка за да мо­же­ме да се прис­по­со­би­ме на слу­чу­ва­ња­та што по­сто­ја­но се ме­ну­ва­ат, а во кои се на­о­ѓа­ат на­ши­те вој­ни­ци. Во мо­мен­тов не мо­жам да изд­во­јам не­ко­ја об­ласт во ко­ја е не­оп­ход­но да се по­до­бри со­ра­бо­тка­та, а, мо­же­би, тоа е по­ра­ди фа­ктот што пре­диз­ви­ци­те ги сог­ле­ду­ва­ме за­ед­нич­ки и за­ед­нич­ки се со­о­чу­ва­ме со нив. Ова е си­ла­та на на­ше­то парт­нерс­тво. Не се пла­ши­ме еден на друг да си ука­же­ме на проб­ле­ми­те, а по­тоа ра­бо­ти­ме за­ед­но да ги раз­ре­ши­ме, при што ста­ну­ва­ме по­до­бри парт­не­ри.

 

Во ко­ја на­со­ка ќе се дви­жи на­та­мош­на­та со­ра­бо­тка ме­ѓу САД и АРМ и што, всуш­ност, зна­чи три­ла­те­рал­на­та со­ра­бо­тка?
КРЕЈ: Ар­ми­ја­та на Р. Ма­ке­до­ни­ја и На­ци­о­нал­на­та гар­да на Вер­монт има­ат по­сто­ја­на за­ед­нич­ка вр­ска и на­ша­та со­ра­бо­тка оди са­мо во на­со­ка на про­ши­ру­ва­ње. Три­ла­те­рал­на­та ини­ци­ја­ти­ва е на­чин да се истра­жат мож­но­сти­те за со­ра­бо­тка ме­ѓу Се­не­гал и Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко што ста­ну­ва­ат до­стап­ни за­ед­нич­ки­те мож­но­сти за обу­ка кај две­те др­жа­ви.

 

Во ко­ја на­со­ка ќе се дви­жи со­ра­бо­тка­та со ти­мот за кри­зен ме­наџ­мент и во кои об­ла­сти?
КРЕЈ: Ти­мот за кри­зен ме­наџ­мент е при­су­тен ту­ка оваа не­де­ла и спро­ве­ду­ва ед­на актив­ност што е про­дол­же­ние на за­ед­нич­ки­те ан­гаж­ма­ни што ги има­ат Вер­монт и Ма­ке­до­ни­ја од 2009 го­ди­на до се­га. Ова е по­се­та на офи­ци­јал­ни ли­ца на Со­јуз­на­та Др­жа­ва Вер­монт од ви­со­ко ни­во, кои мо­жат да ги спо­де­лат на­у­че­ни­те лек­ции од ви­со­ко ни­во и мо­жат да со­ра­бо­ту­ва­ат со ви­со­ки­те офи­ци­јал­ни ли­ца ту­ка во Ма­ке­до­ни­ја.

 

Ва­ши­от прет­ход­ник, ге­не­рал-пот­пол­ков­ни­кот Мајкл Ду­би, ја сме­та­ше Ма­ке­до­ни­ја за сво­ја вто­ра та­тко­ви­на. Од овие кра­и­шта тој во Вер­монт вдо­ми две ку­чи­ња од иск­лу­чи­тел­но спе­ци­фич­на сор­та – шарп­ла­ни­нец. Исто та­ка, бе­ше горд што со­ра­бо­ту­вал со вој­ни­ци­те, кои ги сме­та­ше за мно­гу по­ве­ќе од са­мо во­е­ни парт­не­ри. Кои се клуч­ни­те ра­бо­ти по кои Ма­ке­до­ни­ја мо­же да го за­пом­ни ге­не­рал-ма­јо­рот Креј?
КРЕЈ: Ка­ко ко­ман­дант на На­ци­о­нал­на­та гар­да на Вер­монт, јас сум це­лос­но по­све­тен на ми­си­ја­та ова парт­нерс­тво да се за­си­ли и тоа не са­мо на­ша­та про­фе­си­о­нал­на со­ра­бо­тка, ту­ку и на­ше­то при­ја­телс­тво. Мно­гу сум по­све­тен на на­ше­то парт­нерс­тво и се ра­ду­вам на мож­но­сти­те што сто­јат пред два­та парт­не­ра, Ма­ке­до­ни­ја и Вер­монт.

 

Што Ви оста­на најм­но­гу во се­ќа­ва­ње од Ва­ша­та пр­ва по­се­та на Ма­ке­до­ни­ја ми­на­та­та го­ди­на? Мо­же­би на­ша­та ар­хи­те­кту­ра, исто­ри­ја, кул­ту­ра, на­ши­те спо­ме­ни­ци, при­род­ни­те уба­ви­ни, хра­на­та или, мо­же­би, Ви тре­ба­ше по­ве­ќе вре­ме да истра­жу­ва­ње?
КРЕЈ: Мо­ра да истак­нам де­ка од пр­ви­от мо­мент ко­га при­стиг­нав ми­на­та­та го­ди­на, за­бе­ле­жав де­ка лу­ѓе­то во Ма­ке­до­ни­ја се иск­лу­чи­тел­но го­сто­прим­ли­ви и се, на­ви­сти­на, гор­ди на сво­ја­та кул­ту­ра и исто­ри­ја. Не­воз­мож­но бе­ше и јас да не ја по­чув­ству­вам таа воз­бу­да. По­стои гор­дост кај на­ро­дот, ко­ја е ре­чи­си за­раз­на. Се­ка­де ка­де што одам, лу­ѓе­то се рас­по­ло­же­ни да го спо­де­лат сво­е­то зна­е­ње од об­ла­ста на кул­ту­ра­та и на исто­ри­ја­та. Тие со уни­кат­на ра­дост ги спо­де­лу­ва­ат сво­и­те зна­е­ња, а јас ужи­вам во слу­ша­ње­то. Исто та­ка, сме­там де­ка ма­ке­дон­ско­то ви­но е про­из­вод со кој тре­ба да се гор­де­е­те, ма­ке­дон­ско­то ви­но е, на­ви­сти­на, до­бро.

 

Разговараше: Не­над Мир­чев­ски
Фото: Александар Ивановски
(Интервјуто со генерал-мајор Стивен Креј е објавено во 108. број на неделникот Република, 26.09.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top