Почитуван претседател на Исламската заедница во Република Македонија, господин реис-ул-улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи,
Ми претставува особена чест, Вам лично, на членовите на ријасетот и на сите верници од исламска вероисповед од името на Владата на Република Македонија, како и од мое лично име, да Ви го честитам големиот верски празник – Курбан- бајрам.
Во овие убави празнични денови, Ви посакувам мир и хармонија, заедништво и толеранција, споделување на материјалното и потчинување во духовното. Овој празник е познат по солидарноста и грижата никој да не биде заборавен, роднините, пријателите, сограѓаните, сиромашните, болните и осамените. Нека биде така и оваа година. Нека владеат добрата мисла и добрите човекови дела, како за празникот, така и во текот на целата година. Ваквите вредности се богатство во нашето општество, нивното зачувување е наша обврска, како кон нашите предци, така и кон идните генерации.
Токму ваквите празници и одбележување на посебноста на верите и културите во Македонија претставува најавтентичен израз на нашата единственост и универзалност како земја која ги обединува вредностите на современото глобално општество. Убеден сум дека ќе продолжиме на тој пат, да учиме еден за друг, да се почитуваме и помагаме еден со друг, да празнуваме заедно и заеднички да го градиме напредокот на Република Македонија, како земја на задоволни граѓани, како земја со просперитетна иднина.
Уште еднаш, испраќајќи Ви најискрени честитки, Ви посакувам божја милост и убави празнични денови.
Нека Ви е честит големиот муслимански празник!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


