
Под мотото „Курбан-бајрам славиме, баклава ќе правиме, дворот со цвекиња ќе го разубавиме“ денеска во дворот на скопското основно училиште „Братство“ во населбата Карпош се одржа хепенинг, а на тезгите се продаваше храна која ја подготвиле родителите на учениците.

Освен баклава, на тезгите имаше и колачи, слатки, пити, штрудли кои ги подготвиле родителите на учениците кои учат во училиштето, каде што составот е мешан. Има ученици од муслиманска вероисповед, но и христијани.

– Паричните средства ќе се употребат за разубавување на училишниот двор со цвеќиња, со тоа училиштето ќе добие вистински есенски лик. Со години, ова мултиетничко училиште презема низа активности од ваков тип, а со тоа ги зближува учениците од муслиманска и христијанска вероисповед. Во соработка со партнер-училиштето ООУ „Вера Циривити-Трена“, освен традиционалната баклава се подготвуваа и солени гурабии, а беше поделен и добро познатиот чај – изјави Соња Силјановска, директорка на училиштето „Братство“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


