| четврток, 6 декември 2018 |

Во пожар во семејна куќа во Прилеп, едно девојче полесно повредено

pozar

Четиринаесетгодишно девојче е полесно повредено во пожарот што утрово околу 5 часот и 30 минути избувна во семејната куќа на прилепското шестчлено семејство Смугрески на улица „Јоска Јорданоски“ бро 116.

Пожарот го зафатил подрумот, а во паника членовите на семејството што побрзо да излезат од куќата скокале низ прозорец при што полесно е повредено девојчето.

Пожарникарите изутрината биле повикани во 5.30 часот и веднаш интервенирале со две возила.

– Констатирано е дека е зафатен подрумот и дел од меѓукатната конструкција. Во визбата имало зимница и сандак за длабоко замрзнување – вели Станко Колески, командир на Прилепската противпожарна единица.

Причината и штетите од пожарот сѐ уште не се утврдени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top