| четврток, 6 декември 2018 |

Што сè му украде ракот на моето семејство за 30 дена?

Ќерката на Ерин Сантос имала невробластом веќе 5 години. Семејството се борело со неа, го победувало заедно со неа, но тој повторно се враќал и по 5 години борба, ракот победил.

erin

Тогаш нејзината мајка ја создала оваа листа на работи кои ракот ги уништил во нејзиното семејство, кога малата Изабела починала.

Ден 1 – Ракот и ја украде венчавката

Минатиот Божиќ Изабела добила венчаницата која ја посакувала. Рекла дека на денот на венчавката сака да носи токму ваква венчаница.

erin1

Ден 2 – Ракот ја украде неговата сестра

Вака изгледаше ракот на крајот. Нејзините коски беа воочливи, но нејзиниот брат продолжи да ја гали и да се преправа дека не гледа ништо. Заспа покрај неа таа вечер. Ова е нивната последна фотографија.

erin2

Ден 3 – Ракот ја украде друкарката за игра

Нашата помлада ќерка сакаше да влегува во собата на Изабела и да си игра со нејзините играчки.

erin3

Ден 4 – Ракот ја украде мајката на ова маче

Изабела ја шеташе, играше и секојдневно и се радуваше. Сега ја сакаат само оние кои Изабела ги остави зад себе.

erin4

Ден 5 – Ракот украде моден дизајнер

Секој ден се расправавме околу тоа што ќе облече. Ме нервираше што не знаеше да ги вклопи работите. Но, сега сфаќам дека тоа беше единствената работа која мислеше дека може да ја контролира.

erin5

Ден 6 – Ракот го украде моето душевно здравје

Додека Изабела одеше на третмани, јас бев како на игли и тоа тешко го сокривав. Сега сум анксиозна и имам тикови.

erin6

Ден 7 – Ракот украде уметник

Ова е автопортретот кој Изабела го нацрта и залепи на вратата од гаражата. Никогаш нема да го одлепам.

erin7

Ден 8 – Ракот ја украде невиноста на мојот син

Кога и да имаше некој посебен ден, Грант и носеше цвеќе. Сега и оваа традиција згасна…

erin8

Ден 9 – Ракот ги украде нашите соништа за песочните плажи

Стјуарт и јас купивме мала колиба на плажа кога бев во 8-от месец од бременоста со Изабела. Сонувавме дека таму ќе ги доживееме најубавите спомени. Сега Софија постојано не потсетува дека некој недостасува.

erin9

Ден 10 – Ракот го украде срцето на оваа жена

Изабела често се однесуваше како возрасна. Заради тоа ја сакаа многу повозрасни жени. Но, госпоѓата Криси беше нејзина најдобра пријателка. Сакаа да одат заедно насекаде.

erin10

Ден 11 – Ракот го украде најдобриот (и најлошиот) танчер во историјата

Никогаш не и беше грижа кој ја гледа додека игра. Во нејзината глава, таа секогаш беше на бина. Некои снимки на кои игра до ден денес ме засмеваат. На нив нема тага, болка или рак. Би сакала да имам повеќе вакви видеа.

Ден 12 – Ракот го украде посебниот ден на мојот сопруг

Ова видео е направено на роденденот на мојот сопруг. Изабела даде сè од себе за да стане од креветот и да му испее песна. Ракот тука започна да и го одзема видот. Почина 4 дена по неговиот роденден. Неговиот роденден веќе никогаш нема да биде ист.

Ден 13 – Ракот украде дете кое градеше замоци во песокот

Стјуарт и мојот син тој ден отидоа на сурфање. Јас останав со моите две девојчиња на плажа. Тие ми ги затрупаа стапалата со песок. Изабела ја учеше Софија како да и помогне.

erin13

Ден 14 – Ракот ја украде нивната најдобра пријателка

Изабела имаше многу добри пријатели. Но, некои од нив сепак се издвојуваа. Ништо не можеше да ја израдува повеќе од посетата на овие девојчиња во болница.

erin14

Ден 15 – Ракот украде навивачка

Фондацијата „Замисли желба и „Каролина пантерс топ кетс“ во 2011 година и исполнија голема желба. Таа имаше малку енергија, но се чуваше за да ја воодушеви публиката. На еден ден, Изабела беше навивачка. И тоа беше најубавиот ден во нејзиниот живот.

erin15

Ден 16 – Ракот го украде моето сигурносно ќебе

Изгледа дека најголемиот дел од времето со Изабела го поминував вака. Откако имаше 2 години, почнавме да спиеме вака. Дури и во болница ни беше удобно вака. Се чувствувавме сигурно. Мислам дека ова најмногу ми недостасува.

erin16

Ден 17 – Ракот ги украде нејзините мали раце и стапала

Изабела секогаш имаше мали раце и стапала. Никогаш не можев да и најдам обувки кои ќе и одговараат. Би сакала уште еднаш да можам да ја бакнам за малото раче.

erin17

Ден 18 – Ракот го украде мојот мал пекар

Секогаш морав да наоѓам нешто што ќе ја забавува. Изабела сакаше да подготвува храна и да поминува часови во кујната. Пекарата Магнолија дури и дозволи да ги декорира нивните колачи на еден ден. Беше пресреќна додека го правеше тоа.

erin18

Ден 19 – Ракот ја украде мојата омилена црвенокоса

Најтешко ми беше да и одговорам на прашањето „Ќе ја изгубам ли косата?“ За да го избегнам одговорот, ја обоив црвена. Многу и се допадна. Но, тоа траеше само 1 месец. Затоа секој ден кога има трки или хуманитарни настани, косата си ја бојам црвена за да и оддадам почит.

erin19

Ден 20 – Ракот го украде нашиот најголем борец во фондацијата за Изабела

Никој од нас не беше толку посветен како таа. Јас трчав на сите страни, но никој не беше како неа. Не се срамеше кога тоа беше во прашање, затоа што знаеше колку е важно.

erin20

21. ден – Ракот го украде нејзиното растење

Изабела многу сакаше да порасне. Многу од нејзините пријатели беа повисоки од неа, па дури и нејзиниот помлад брат. Сакаше да ѝ купам чевли со потпетици за да биде повисока. Поради терапиите растеше многу бавно. Постојано ја меревме, но линијата речиси и не се поместуваше.

erin21

22. ден – Ракот ни ги украде сите празници

Јас ги сакав празниците и секогаш се радував на сите. Заедно правевме планови за декорација, колачи, пеевме додека го правевме сето тоа. Сега секој празник е одбивен, бидејќи нè потсетува дека ја нема неа.

erin22

23. ден – Ракот ја украде нејзината постара сестра

Името на Изабела постојано го спомнуваме. Затоа и не е чудно што Софија е опседната со неа. Сакаше да ѝ однесе скутер и велосипед кога би можела да оди. Морав да ѝ објаснам дека таа ги вози во Рајот.

erin23

24. ден – Ракот го украде Дизниленд

Знаеше дека секојпат кога ќе фрли паричка во фонтаната и ќе посака една од две работи: да исчезне ракот и да одиме во Дизниленд. И одевме, благодарение на фондацијата „Make a wish“, подоцна станавме и редовни посетители. Секогаш беше возбудена неколку дена пред да тргнеме, без оглед на болеста. Сакавме и сега да одиме, но премногу е тешко и сè потсетува на неа.

erin24

25. ден – Ракот го украде нејзиниот прекрасен глас

Имаше прекрасен глас. Беше пискав и нежен во исто време. Сите се вкочанувавме кога ќеслушнеме некоја песна со нејзиниот глас. На моменти заборавам дека веќе ја нема. Ми недостига да ја слушнам како пее и како се смее.

26. ден – Ракот му го украде бакнежот за добра ноќ на Грант

Грант и Изабела беа многу блиски. Повеќето денови тој беше единствената личност со која си играше, а тој сакаше да се грижи за неа. Кога ќе ги одвоевме навечер, секогаш слушавме како едниот ќе го бакнеше другиот за добра ноќ. Во ова видео Грант слуша снимка од нејзиниот глас и гледа нејзина фотографија.

27. ден – Ракот ги украде овие очи

Изабела секогаш имаше прекрасни сини очи. На денот кога почина очите ѝ останаа отворени. Знаев дека нè напушта кога во нив се изгуби сјајот. Таа глетка засекогаш ќе ми остане.

oci

28. ден – Ракот ми ја украде ќерката

Овие фотографии се направени во последната недела од нејзиниот живот. Едвај одлучив за да ги споделам, бидејќи се посебно интимни. Тука не позираме, туку се едноставно доловени моменти. Би сакала да имам милион вакви фотографии.

kerka

29. ден – Ракот ни го украде срцето

Ова е последната семејна фотографија на која сме сите петмина заедно. Таа не напуште после неколку дена. Овие луѓе на фотографијата не беа ни свесни каква трагедија ќе им се случи. Не знаевме дека нашите насмевки нема да траат уште долго. Сега мораме цел живот да живееме без неа.

erin 27

30. ден – Ракот ми го украде семејството

Ова е првата семејна фотографија без неа. Потребно беше многу време да помине за да можеме да се фотографираме без неа. Нашите фотографии веќе не изгледаат целосно. Во нашата свест сè уште сме петмина. Секогаш ќе ни недостига.

erin28

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top