| четврток, 6 декември 2018 |

Најдолг лет на светот: 15 часа непрекинат престој во облаците

Новиот суперџамбо модел „ербас А380“ е способен да лета 15 часа со едно полнење на резервоарот, што и овозможи на австралиската воздухопловна компанија „Квантас“ гордо да го најави најдолгиот комерцијален лет во историјата – оној меѓу Сиднеј и Далас.

Станува збор за комерцијална линија која ќе се вози шест пати неделно и ќе превезува патници од австралискиот велеград во срцето на Тексас. Досега „Квантас“ леташе со „боинг 747“ речиси три години на оваа релација.

Во компанијата очекуваат дека промената на авионот ќе донесе поголем број патници, помирен лет и значајна заштеда на гориво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top