Легла со инсекти кои се заразени со вирусот западен нил се наоѓаат во осум места во Војводина и во Шумадија, додека во Кралево се апелира на внимателност и носење облека која ги прекрива сите делови од телото.
Западнонилската треска, која ја пренесуваат инфицираните комарци, ќе демне низ Србија до крајот на октомври поради убавото време и температурата која ќе се движи околу 20 степени, како што најавуваат метеоролозите.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, оваа година во Србија досега од западнонилска треска починале осум лица. Сите биле постари од 60 години и имале некоја хронична болест. Официјално се потврдени 51 лабораториски случај и 18 веројатни.
Српските стручњаци апелираат до жителите на местата каде што е потврдено присуството на вирусот на бидат многу внимателни.
– Не треба да одат на риболов без заштита на телото. Тоа значи да носат облека која им ги прекрива и рацете и нозете – вели д-р Миланко Шеклер од Ветеринарниот институт во Кралево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



