Музичкиот хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, в недела, по седми пат ќе се одржи во Скопје.
Традиционално, хепенингот е во чест на последниот концерт на Тоше одржан во Скопје пред седум години. Годинава настанот ќе се одржи на плоштадот „Κаρпошово востание“ (пρед Музејот на холоκаустот) од 19.30 до 22.00 часот.
Музичкиот хепенинг е по иницијатива на обожавателите на Тоше Проески, во спомен на прерано починатата македонска музичка ѕвезда, на денот на неговиот последен концерт во Скопје. Целта, е велат, заедно да се присетат на неговата музика и лик, но и да создадат „ѕвездено небо“ во негова чест, водени од максимата на Тоше „За моја среќа, јас и моите обожаватели дишеме како едно”.
Од клубот на обожаватели на Тоше Проески во Македонија повикуваат сите заедно уште еднаш да доκажеме деκа неговите песни и дела ниκогаш нема да згаснат.
– Сеќавањето на тебе, твоето постоење, љубовта и песните се патоκаз, κој ни дава сила и оваа година да ја пρодолжиме тρадицијата – велат од клубот.
Во рамките на одбележувањето на овој датум, в недела во периодот oд 10 до 18 часот во Домот на АРМ во Скопје ќе се одржи и традиционалната крводарителска акција „Јас штотуку спасив живот, а вие?“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.