Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс, посакуваше по секоја цена да доведе напаѓач од светска класа што достојно ќе го замени Луис Суарез.
Екипата од „Енфилд роуд“ купи неколку напаѓачи ова лето, меѓу кои и Марио Балотели од Милан, но ниту еден не успеа да ги повтори игрите на фантастичниот Уругваец од минатата сезона. Ливерпул е оној стариот од пред доаѓањето на Луис Суарез во тимот, многу тешко се снаоѓа пред противничкиот гол.
Од моментот откако пристигна во тимот Балотели постигна само еден гол, и тоа во Лигата на шампионите против Лудогорец.
– Ве уверувам дека Марио е она најдоброто што можевме да го купиме во летниот преоден рок. Во прашање е и пристапот на фудбалерот – изјави Брендон Роџерс.
Пред крајот на преодниот рок Ливерпул беше пред потпишување договор и со Самуел Ето, но тој во последен момент одлучи да го облече синиот дрес на лутиот градски ривал Евертон.
– Го вкалкулиравме ризикот со доведувањето на Балотели. Марио е вистинскиот избор, но ќе мора да поработиме на поголемиот придонес во неговата игра – додаде менаџерот на Ливерпул.
Следниот натпреварт Ливерпул го игра пред домашната публика во рамките од Премиерлигата, а противник е ВБА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


