| четврток, 6 декември 2018 |

Стивнува болеста син јазик во Делчевско

Агенцијата за хрна и ветеринарство и подрачните служби од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на подрачјето на општина Делчево преземаат засилени мерки против ширењето на заразното заболување син јазик кај овците.

sin jazik

Заразени грла се евидентирани во одгледувалиштата на овци во селата Разловци, Тработивиште, Вирче, Стамер, Габрово и други, но, според увидот од стручните служби, болеста стивнува, делумно од употребата на антибиотици, делумно од преземените мерки за дезинсекција.

Најавеното заладување на времето, велат ветеринарите, благопријатно ќе влијае да стивне ширењeто на болеста.

– Им благодариме не надлежните државни органи и на стручните служби за помошта што ни ја даваат полесно да се справиме со болеста и со штетите што таа ни ги предизвика – вели Ѓорѓи Темелковски, одгледувач на овци и напомнува дека  ќе треба доста време да се консолидираат десеткуваните стада од болеста син јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top