Од почетокот на оваа година Крим го посетиле повеќе од три милиони туристи, соопшти вчера регионалната министерка за туризам, Јелена Јурченко, на седницата на парламентарниот комитет на државниот совет на републиката.
На полуостровот оваа година одмораа главно Руси.
Властите на Крим планираат до декември да усвојат државна програма за развој на туризмот и летувалиштата, чија цел е Крим да стане меѓународен туристички центар на Руската Федерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.