| четврток, 6 декември 2018 |

Чави: Не сум среќен на резервната клупа

Фудбалерот на Барселона, Чави Ернандез, изјави дека не е задоволен од минутажата што ја добива во новата сезона.

– Сакам да играм повеќе. Не сум среќен што седам на клупата. Ситуацијата не е драматична, но ќе се обидам да сменам нешто. Секако, тимот е на првото место и тренерот одлучува кој ќе игра – истакна Чави.

Инаку, 34-годишниот фудбалер, кој од вторникот е рекордер по бројот на настапи во Лигата на шампионите, по доаѓањето на Иван Ракитиќ го загуби местото во првиот тим.

За последниот пораз на каталонскиот тим од ПСЖ во вторникот со 3:2, Чави вели дека грешките што ги направиле ги чинеле скапо.

– Премногу грешевме, а тоа ПСЖ знаеше да го казни. Не игравме добро, но можеби заслуживме бод. Не е катастрофа што загубивме. Атмосферата во тимот останува позитивна – вели Чави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top