Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и ректорот на Државниот универзитет во Тетово, проф. др. Вулнет Амети денеска присуствуваа на теоретскиот дел на промоција на Турската иновација ЕКО66, која се одржа на ДУТ. Се работи за изум кој овозможува заштеда од 30 отсто на потрошувачката на гориво за сите видови на мотори со внатрешно согорување.
Иновацијата ЕКО66 е изум на Талат Молаоглу. Тестирањата веќе го потврдија еколошкиот придонес на изумот и дадоа охрабрувачки почетни резултати и уредот веќе се извезува во повеќе од дваесет држави низ светот.
Како што соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање, оваа нова надградба на моторите со внатрешно согорување доаѓа во вистинско време кога поголемите, но веќе и помалите градски центри се соочуваат со високи концентрации на штетни честички и недозволено големи количества на јаглероден диоксид. Со овој по форма мал, но ефективен уред од глобално значење треба да има почист воздух во градските средини.
Препознавајќи ја важноста на изумот, Министерството за животна средина и просторно планирање заедно со професорите од Државниот универзитет во Тетово пристапија кон промоција на овој важен еколошки изум, со чија масовна употреба се надеваат дека значително ќе се намали концентрацијата на ПМ10 честичките и ЦО2 кои се присутни во атмосферата.
– Уверен сум дека овој проект со неговата масовна употреба ќе придонесе за значително подобрување на состојбите со квалитетот на амбиенталниот воздух во урбаните градски средини како на локално така и на глобално ниво, истакна Изаири.
Утре на Државниот Универзитет во Тетово ќе се одржи и практично претставување на функционирањето на изумот ЕКО66.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
О2 коалиција за чист воздух: Срамота е власта на заштитата на Водно да ѝ дава меѓуетнички контекст
-
Реакција на „Микомп“: Проектот е за реинкарнација на предмети, а не на луѓе
-
Скопјани масовно денеска на Водно: Сите во потрага по чист воздух (галерија)
-
Коалиција О2: Досега најмал буџет за заштита на животната средина